Достапни линкови

Багдад: 17 загинати во борби меѓу напаѓачи и американските сили


Според болнички извори од Тал Афар ирачки град 450 километри северно од Багдад, 17 лица загинале, а повеќе од 50 биле ранети во борбите меѓу напаѓачите и американските сили. Американската војска соопшти дека станува збор за враќање на контролата врз ова место на барање од легитимни ирачки владини лица. Американската авијација презеде и нови воздушни напади врз цели на милитанти во ирачкиот град Фалуџа. Според новинските агенции, напаѓани се локации на анти американски милитанти попврзани со Абу Мусаб ал Заркави.
XS
SM
MD
LG