Достапни линкови

Турција и понатаму ќе ја поддржува Македонија за членство во НАТО


По потпишувањето на јадранската повелба, отпочнувањето на процесот на соработка на полето на одбраната наречен „2+2“, е еден од клучните проекти за државава на патот за интегрирање во НАТО Алијансата. Во него е предвидено Република Турција, како и Грција да бидат главните лобисти за влез на Македонија како и на Албанија во НАТО Алијансата. Во процесот на соработка на земјите од регионот на планот на одбраната, се очекува да бидат вклучени и Италија и Хрватска. Претставникот на земјата, традиционален соработник и предводник во лобирањето за влез на државава во северно атлантската алијанса, турскискот министер за одбрана Веџди Ѓонул, за таа цел од официјалната посета во Скопје порача:

„Како што знаете Турција ја подржува Македонија за полноправен влез во НАТО. Дотлоку повеке на НАТО самиот во Истанбул за Македонија е донесена една посеба резолузција за полноправно членоство на Македониај во нато. од сега понатаму ке работите со Бучковски да видиме што може понатаму да се направи,“

Реализацијата на реформите продолжуваат и за нас стратешката цел нато интегрирањето, не е загрозено по последните случувања во земјава, предизвикани од процесот на децентралзиација, истакна македонскиот министер Бучковски, повторувајќи:

„Мислам дека сегашната актуелна политичка ситуација во Република Македонија нема да доведе до нарушување на стабилноста, ниту на Македонија, ниту на регионот воопшто."

Иако потенцира Бучковски:

„Претпазливоста не е на одмет и треба да се земат предвид сите забелешки, анализи и сугестии, кога се креира политиката во иднина на Република Македонија."

За таа цел одбранбено воената соработка со земјите од регионот, меѓу кои и Турција, која подршката кон Македонија ја изразува преку учество во обуката на припадниците на македонската армија, како и воено техничката помош за АРМ, ќе биде продолжена, беше консатирано на средбата меѓу турскиот и македонскиот министер за одбрана Ѓонул и Бучковски.
XS
SM
MD
LG