Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ формира своја анти-корупциска комисија


По две години од формирањето, Државната комисија за спречување на корупцијата не успеаа да се справи со проблемот на овие појави во државата и главно е фокусирана врз работата на поранешната влада.

Од овие причини ВМРО ДПМНЕ формира своја комисија, вели Оливер Шамбевски, за мотивите на оваа партија да се вклучи во борбата против корупцијата.

,,Таа ќе биде фокусирана пред се на работата на Владата во овој момент, затоа што токму кај неа стојат на располагање сите државни ресурси коишто во крајна линија може да бидат предмен на злоупотреба.”

Критиките на ВМРО ДПМНЕ дека државната комисија е неуспешна во борбата пртив корупцијата во држвата генерално и дека таа не ги користи механизмите што и се на располагање според професорот по кривично првао Владо Камбовски се неоправдани.Тој вели

,,Не можеме да очекуваме таа комисија да се семоќна и преку ноќ да го реши проблемот. Тоа има длабоки корени и не е тело што може да влијае врз сосекувањето на корените кај нас, бидејќе корените на корупцијата се длабоко во политиката, партиите итн.”

Намерата на една партија да фомира своја комисија за борба против корупцијата, според професорот Камбовски е добра, но само ако таа е фокусирана врз решавање на проблемите во сопствените редови.

,,Тоа е интерно тело на партијата и јас разбирам дека ќе ги решава проблемите со корупцијата во сопствените редови. Инаку што вреди и какво значење би имало тоа, ако не расчисти со корупцијата во своите редови и гаѓа по туѓите редови, тоа само ефтин политички трик.”

Шамбевски вели дека освен проблемот на корупцијата на Владата комисијата на ВМРО ДПМНЕ нема да биде имун на оваа појава во сопстевните редови.
XS
SM
MD
LG