Достапни линкови

Законот е нетранспарентен и има многу недостатоци


Законот за финансирање на општините е нетранспарентен, има многу недостатоци и преку него централната власт, сака да ги контролира, а не да им понуди самостојност на локалните единици во делот на финансиските средства со кои пак тие, ќе треба успешно да ги преземат многуте надлежности со процесот на децентралзиацијата, оценува професорот од Економскиот факултет Живко Атанасовски, образложувајки ги последиците кои треба да се очекуваат од веќе донесениот закон за финансирање на општините:

,,Самиот закон е најсен, двосмислен во многу делови е недоречен и противречен. Дали општините со него ќе имаат некоја самостојност е големо прашање, бидејќи со него им се даваат ограничени средства, со точно утврдена намена.”

Според законот, општините целосно ќе располагаат со даноците на имот, со административните и комуналните такси, ќе добиваат три проценти од данокот на додадена вредност и ќе имаат приходи по основа на сопственост. Ваквото решение според Владата ќе создаде квалитетен систем во делот на финансирање на локалните единици, но според експертите, од малкуте сигурни даноци кои таа им ги нуди, неможе да се очекува тоа:

,,Требало преку системот на заеднички даноци, како што е персоналниот данок на доход и данокот на додадена вредност да им се одобрат на општините повисоки проценти од вкупните средства на овие два данока.”

Таквиот начин на распределба на приходите, смета професор Атанасовски, создава ситуација во која општините во иднина:

,,Веројатно ќе мора да покажат поголема инвентивност во перспектива, во идниот период, во јакнењето на сопствените приходи.”

Наспроти експертските укажувања за недостатоците, во Министерството за финансии, како изготувавачи на законот, велат:

,,Дефинитвно она што го предвидува Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа како база, обезбедува доволно финансиски средства за извршување на функциите што ќе го следат и непречено ќе овозможат имплементирање и извршување на функциите на општините.”

изјавува Марија Костовска од работната група за подготовка на законот за финансирање на општините.

Законот чија практична имплементација требаше да стартува на 1 јануари наредната година, е одложен за по локалните избори.
XS
SM
MD
LG