Достапни линкови

Политичките партии ги започнаа подготовките за кампањата


Штабовите на политичките партии почнаа со екипирањето пред стартот на кампањата за референдмот закажан за 7 ноември на кој граѓаните ќе се изјаснуваат по прашањето за територијалната поделба на земјава. Во тек е планирањето на медиумската кампања, јавните настапи, трибините, на која секоја од партиите во однос на ставот за референдумот ке им укажуваат на граганите, за позитивноста, односно за штетноста од референдумот. Очекувањата на Светскиот Македонски Конгрес, организаторот на иницијативата, се дека на изјаснувањето ке излезат од 900 илјади до 1 милион граѓани. За организирањето на кампањата со здружената опозиција, оттаму велат:

„Веруваме дека ќе имаме дисперзирана медиумска кампања, дисперзирани настапи на политичките партии кои ќе партиципираат во подршката за спроведување на референдумот. Ќе има координација, меѓутоа секоја политичка партија самостојно ќе ја димензионира својата акција на терен. Ќе формираме Централен штаб, општински штабови.“

вели претседателот на СМК Тодор Петров.

ВМРО-ДПМНЕ веќе ги започна активностите за рефрендумската кампања, со настапите на видни членови на нашата партија низ градовите во државава, изјавува портпаролот на партијата Александар Бичиклиски, кој за официјалниот старт на кампањата најавува:

„ВМРО-ДПМНЕ создаде четири тимови од експерти и видни членови кои што во сите поголеми градови во Република Македонија, во наредните 20 дена ќе одржат трибини на тема, зошто е потребно граѓаните да го дадат својот глас против предложениот закон за територијална поделба.“

Сосема различна е пораката која на граѓаните низ рефрендумската кампања ке им ја упатат владеачките партии:

„Ќе се однесуваме коректно кон политичкиот противник, затоа што сметаме дека нашиот концепт за 82 општини е подобар од старата територијална организација од 123,“

потенцира портпаролот на СДСМ Борис Кондарко.

И ДУИ ќе упати порака за неприфакање на референдумот од страна на електоратот, преку своите активисти кои ке делуваат на теренот.

„Нема до формираме штабови, туку нашите активисти ќе го покриваат целиот терен каде што имаме наше членство и ограноци,“

потенцира Рафиз Алити од оваа паритја.

Во Законот за референдум и граѓанска иницијатива, нема предвидено кога треба да стартува кампањата, но стои дека таа треба да заврши 48 часа пред денот на одржување на референдумот, 7 ноември, е официјалното објаснување на ДИК.
XS
SM
MD
LG