Достапни линкови

Џевдет Хајредини, невладина коалиција „Македонија без корупција“. Охридскиот договор не е прифатен од сите, а ситуацијата ја подгреваат интелектуалците и медиумите


Државната анти корупциска комисија неодамна упати критики на адреса на владата дека нема волја да се справува со корупцијата. На што се должи тоа?

Мислам дека забелешката на анти-корупциската комисија е на место. Владата, очигледно во ранг - листата на нејзините приоритети ја нема кампањата против корупцијата на високо место. Можеби се соочуваат и со многу потешки поакутни проблеми во државата, меѓутоа, како што е познато и според она што меѓународниот фактор го кажува, е дека корупцијата само се искачува на листата на проблемите заедно со некои други соседни држави. Меѓутоа, исто така е јасно дека местото, улогата, задачите и законската регулатива, врзана со функцинорањето на анти-корупциската комисија, се доста проблематични, крајно нејасни, имајќи предвид кога тој закон беше донесен. Тој не беше донесен со намера да дава резултати, во борбата против корупцијата, туку да се замачкаат очите на меѓународниот фактор дека имаме закон.

Дали тоа значи дека комисијата нема доволно надлежности?

Чувството дека имаме потреба од таков орган, произлегува од тоа дека не сме задоволни од функционирањето на органите кои во светот се познати, дека треба да ја спречат корупцијата. Меѓутоа, бидејќи кај нас корупцијата зеде замав, коруптивни станаа факторите коишто треба да се борат против корупцијата, носителите на власта, партиските елити, партиите кога доаѓаат на власт, нормално е една таква комисија да ги има надлежностите и тоа треба да е предвидено во законот. Ние сега таков закон немаме.

Надлежните институции покреваат процеси против лица за корупција и злоупотреба на службената должност, но не се споменуваат имиња на Албанци. Зошто е тоа така?

Тука има една специфика, точно е тоа дека од 92 година Албанците учествуваат во власта, меѓутоа нивното учество не се носители на носење одлуки, со оглед на досегашното нивно квантитативно учество. И второ, корупцијата во Македонија најмногу дојде до израз во постапката на приватизацијата. Бодејќи, ние имавме специфичен закон на приватизација, кадешто беше фавотизирана инсајдерската приватизација, значи предност имаа да се приватизираат и да станат носители на сопственоста, луѓе кои биле на работа во општествената сопственост. Албанците во минатото не биле. Не значи дека носители на власт и гарнитури кои откако ќе влезат во власта, учествуваат во злоупотреба на власта. Имавме примери и лидери на партии да се фалат дека имаат пари колку што сакаат. Тие почнаа да се затвораат во себе, да се возат со затемнети стакла и телохранители. Тие не се бранат од народот и не бранат ништо друго, освен имотот. Паѓа во очи дека кратко време по инсталирањето во власта, бидејќи Македонија е мала, а тие потекнуваат од провинции, веднаш да стекнат имоти, недвижности, луксузни коли итн. Меѓутоа, пред народот, пред Албанците, се продаваат, дека се патриоти, дека на крајот на краиштата создаваат штетна и неморална ситуација, ако крадат Македонците, нека крадат и нашите и тоа им погодуваше. Исто така, и коалицирањето во власта, делење, задоволување на врвни политички и партиски гарнитури. И факт е дека многу ретко носители на функција Албанци беа именувани како носители на корупција, што е крајно штетно. И Албанците не смеат да се заведуваат со пароли, да ги маниоулираат луѓе со патриотизмот, дека тоа се луѓе кои го решаваат нивното национално прашање, а всушност тие луѓе ги решаваат своите лични прашања.

Освен проблемот со корупцијата, Македонија се соочува и со низа други проблеми. Во последно време се говори и за девалвација на денарот, поточно ММФ меѓу другото препорача дека треба да се преиспита курсот на денарот. Ваша проценка дали е тоа потребно?

Да бидеме на чисто. Земји кои се развиени немаат потреба од меѓународните финансиски институции. Земји кои се должни, како Македонија и кои не се во сосотјба да одговорат на обврските спрема меѓународните финансиски институции, нормално дека треба да се придржуваат кон упатствата на ММФ. Меѓутоа, да бидеме на чисто. ММФ е агент на големите светски доверители. Тие се заинтересирани да ги оспособат овие земји во прв ред да ги вратат долговите. Затоа и наметнува таква економска политика. Тој што должи не може да троши повеќе отколку што создава. Ние во Македонија веќе долго време ниту една влада немала смелост да се справи со структурните реформи. Тука се правени компромиси. ММФ премногу толерира. Тие понекогаш ги разбирале потребите од краткотрајни одлагања и компромиси, еднаш избори, па војна, меѓутоа, компромисите во Македонија од сите влади биле премногу неоправдани. Така што, до сега со курсот, ММФ оправдано инсистирал и Македонија оправдано се придржувала до тоа упатство, меѓутоа, за жал, стабилноста на курсот не била проследена со другите мерки. Да беа правени и другите мерки, тоа ќе ги дадеше резултатите. Меѓутоа, држењето на курсот во услови кога производството паѓа, извозот паѓа, итн, нормално дека секогаш се посочуваат на курсот. Меѓутоа, се знае дека последиците од промена на курсот се многустрани. Нормално дека ќе дојде до намалување на увозот, зголемување на извозот, колку - како, ама ќе има и други последици.

Велите дека сите влади до сега само ги одлагале реформите. Меѓународната заедница сега посочува дека реформите ќе бидат пролонгирани и со одржувањето на референдумот за територијална поделба. Што сметате вие, дали неговото одржување ќе има импликации во државава?

До сега зборувавме за економијата и за суштинските проблеми на оваа држава. Бавењето понатаму со проблеми коишто не се од сферата на економијата се катастрофални за Македонија. За жал, ќе ги забави. Нормално, затоа што вниманието на јавноста создава една клима на несигурност и ние сега не можеме да очекуваме резултати во економијата, кога ние и до сега не се третиравме како многу стабилна земја и тука ги баравме причините за отсуство на странски капитал во земјава. Ваквите поводи и причини сега, апсолутно нема сомневање дека ќе ги забави процесите и ќе го забави одот на Македонија кон евро атлантските институции. Ова не е случајно, имајќи предвид како беше донесен Охридскиот договор, а посебно, имајќи предвид како во Македонија се дојде до промена на Уставот. Уште тогаш се гледаше дека не е мал бројот на македонските граѓани кои се против тоа и го доживеа како Македонија не е таа која била од порано. Тоа е точно, меѓутоа, тоа требаше да се прифати. Отворањето на темата за територијалната организација на Македонија им даде уште еднаш можност на тие сили уште еднаш да ги отворат картите и јасно да кажат дека не биле искрени за Охридскиот договор. Ова го имам предвид, реакцијата на медиумите и интелектуалците во Македонија. Тоа што политичките елити на опозицијата го користат, тоа воопшто не ме чуди. Меѓутоа, по мое убедување треба и ова да помине. Затоа што тоа било латентно, сега само се покажа. Не се толку виновни тие 180,000 граѓани што потпишале иницијатива овие месец - два, под таков медиумски притисок, такви лаги, такво прикажување на состојбите онака како што не. И во таква хипокризија, еден одговорен функционер на општина, на почетокот вели ние не сме против Албанците, ама ако се создаде можност, Албанец да биде претседател на општина, Македонија ќе ја нема, двете работи не одат, така што со право луѓето, не доволно инфомирани ќе потпишат.

Ќе има ли влијание во меѓуетничките односи?

Зависи од однесувањето на сите учесици во наредниот период. Дали одговорно ќе се однесуваат кон постапката, на медиумите и на интелектуалците, на луѓе кои имаат влијание, партиите лидерите, мислам дека кога ова се родило, мора да се лула, зависи од зрелоста на сите учесници и ќе се види дали оваа држава мнозинството ја сакаат.
XS
SM
MD
LG