Достапни линкови

logo-print

За еден предмет, учебници од најмногу два автора


Меѓу потребата од учебници што ќе ги следат новите трендови во образованието, новата учебна година, главно почна во знакот на старите проблеми, да се обезбедат, сите потребни учебници:

„Постојат повеќе од еден учебник за еден предмет. Сеуште фалат некои учебници, а исто така постојат професори коишто не ги ни користат учебниците, туку користат некои скрипти, значи има различни проблеми во однос на учениците,“

вели Славица Арсовска, од УСМ.

За да се надмине конфузијата од лани, кога за еден предмет, учениците користеа учебници од различни автори, годинава, министерството за образование предвиде, тој да се сведе, на најмногу два автора за еден предмет:

„Секаде каде што ние ќе забележиме дека се прекршуваат барањата на министерството да не се продаваат учебници и други помагала во училиштата, училиштата ќе бидат казнети. Директорите ќе одговараат за оваа работа. Мислам дека ќе се ублажи состојбата од лани на пазарот на книги,“

вели Агим Фазлиу, од министерството за образование.

Но, сепак примерите во некои училишта покажуваат дека дел од нив и покрај мерките на санкции што се најавуваат, не беа имуни на протежирање на учебници кои ги нема во книжарниците:

„Во некои градови, не само што продажбата оди директно во училиштата, туку некои наставници си имаат регистрирано фирми, на сопруги, братучеди, и фактички преку нив работат,“

вели Ванчо Каранфилов, директор на издавачката куќа Таберанкул.

Но, конфузијата во издавачката политика не е единствениот проблем. Од друга страна, цената на чинењето на учебниците, достигна цена, над просечниот стандард:

„За средно гимназиско реформирано образование, учебниците достигнуваат и до 400 денари, а за стручните се нешто поефтини. Не може да се купат на старо, затоа што секоја година излегуваат нови учебници, тоа е еден поголем проблем.“

Според упатените, токму недореченостите во учебникарската политика, овозможуваат учебниците да достигнат сума, над реалната вредност.

„Кога министерството би имало јасна визија и концепт што и како би сакало да постигне, и на пазарот ги постави правилата за игра, мислам дека со самото тоа и квалитетот се подобрува, а ќе се подобри и на односот, производ цена, па и учебниците ќе бидат подостапни за учениците.“
XS
SM
MD
LG