Достапни линкови

Сто лица загинале во Деслан, заложничката криза уште трае


Руските служби потврдија дека 100 лица загинале во Деслан Руска Северна Осетија каде што по три дневната заложничка криза руските специјални сили презедоа операција за ослободување на заложниците од училиштето. Според Интерфакс оваа бројка е повисока, над 150 загинати. Над 20 лица , повеќето деца, како што јави ројтер, лежеле во болничка мртовечница. Во престрелките загинале 20 милитанти. Според болнички извори, има над 400 ранети. Руските безбедносни сили потврдија дека во училиштето останале уште неколку милитанти кои држеле неколку деца во заложништво. И натаму се слушале спорадични истрели од огнено оружје. Шефот на регионалните сили на Северна Осетија Валери Андреев попладнето изјави.

„За жал рано е да се зборува за бројот на загинатите, ранетите или спасените заложници.“

Конфузни беа извештаите за тоа како дојде до нападот на руските сили. Според Андреев акцијата не била планирана, а биле закажани и натамошни преговори кога избувнало насилството.

„Се случи околу 13 часот по московско време кога одекнаа две експлозии. Заложниците започнаа да бегаат од училиштето и бандитите пукаа по нив и по децата за да ги убијат. Ние возвративме со цел да ги спасиме. Започнаа да пукаат и оние локални жители кои имаа оружје и во таа фаза тоа ги попречи специјалните сили да реагираат ефективно.“

Во училиштето имало во заложништво, според конфузните извештаи, имало меѓу 350 и 1000 лица. Според официјални лица, главното барањето на кидаперите било независност за Чеченија. Белата Куќа соопшти дека го осудува варварското земање заложници во руското училиште и ги обвини терористите за загубата на животи. Нема оправдување за одземање невиини животи и Соединетите Држави стојат заедно со Русија, изјави портпаролот Скот МекЛилан. Европската Унија пак на состанокот на шефовите на дипломатиите во Валкенберг изрази жалење што заложничката криза не е решена мирољубиво.

„Дефинитивно го осудуваме овој криминал на најостар начин. Не гледам никаква причина со легитимитет да се земаат бебиња, деца за заложници или да се убиваат.“

изјави шефот на германската дипломатија Јошка Фишер.
XS
SM
MD
LG