Достапни линкови

Референдумот на 7 ноември


,,Констатирам дека Собранието на Р Македонија, распиша референдум, кој ќе се одржи на 7 ноември 2004-та година."

без гласање само со констатација, на денешната седница, претседателот на Собранието Љупчо Јордановски, го прогласи распишувањето на референдумот.

Согласно ова, на денот на гласањето граганите со за или против ке одговараат на прашањето: ,,Дали сте за територијалната организација на локалната самоуправа утврдена со законот за територијална поделба од 96 тата година?"

Мнозинството пратеници, го отфрлија предлогот на организаторот на иницијативата Светскиот Македонски Конгрес, граѓанското изјаснување да биде одржано на 21 ноември, иако тоа беше барање и на партиите од опозицијата, кои со поднесување на амандман образложија зошто го подржуваат овој датум:

,,Сметам дека е земен во предвид и верскиот празник на граѓантие на со исламска вероисповест, а со ова ќе им се наруши нивниот мир,"

потенцираше координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Коце Трајановски.

Отфрлајки го овој предлог, претставниците на владеачката коалиција со одговор:

,,Не е добро да се манипулира со рамазанските празници, така што денот кој се предлага да биде одржан референдумот, 7 ноември, за нас е прифатлив,"

образложи Рафиз Алити од ДУИ.

Пратениците од ПДП, со неприсуство на денешната собраниска седница, како што најавија го изразија својот став за штетноста од референдумот. ДПА го дели истото мислење, но оваа партија одлучи да биде претставена само од координаторот на партијата Замир Дика кој по завршувањето на седницата истакна:

,,ДПА не се согласува со ваквиот концепт за децентрализација, и затоа несака да учествува во наредните седници."

Поради одржувањето на референдумот, измени мораше да претрпи Законот за локални избори. Владата предложи нивно одржување најдоцна до 31 март наредната година:

,,Бидејќи се поклопува со иницијативата за распишување на законодавен референдум."

истакна Министерот за правда Иџет Мемети, образложувајќи ги пред пратениците предложените измени.
XS
SM
MD
LG