Достапни линкови

Џорџ Буш и официјално ја прифати претседателската кандидатура


Американскиот претседател Џорџ Буш официјално ја прифати кандидатурата на неговата Републиканска партија да се избори за втор мандат во Белата Куќа. Во говорот на на четвртиот и последен ден на Конвенцијата на републиканците во Њујорк тој ја бранеше неговата политика која, како што рече, ќе доведе до побезбеден свет.

Претседателот Џорџ Буш изјави дека ја започнал војната во Ирак со цел да ги одбрани Соединетите Држави.

„Знаевме дека Садам Хусеин е агресивен и оти го поддржува теророт. Ја знаевме неговата историја да дојде до оружје за масовно уништување, па дури и да го употреби. И знаеме дека единаесети септември бара нашата земја да мисли поинаку. Ние мораме и ќе се конфронтираме со заканите за американците пред да биде предоцна. “

Буш прецизира дека војната против тероризмот не ја води за моќ, туку затоа што се загрозени животите на граѓаните.

„Верувам дека највозвишена должност на американскиот претседател е да го заштити американскиот народ. Доколку во оваа декада Америка покаже слабост, светот ќе тргне кон трагедија. Тоа нема да се случи во мое време,“

изјави претсдеталот Буш, додавајќи: ,,Против терористите сме во офанзива во странство, со цел да не мораме со нив да се соочиме дома,,. Тој исто така, наведе дека се кандидира за претседател со јасен и позитивен план за изградба на побезбеден свет и за поголема надеж за Америка. Тој притоа вети и поедноставен даночен систем и пошироки социјални реформи. ,,Повеќето од нашите основни сиситеми, даночниот, здравственото осигурување, работните места, се создадени за минатото, а не за иднината,, оцени Буш, наведувајќи дека изјаснувањето за неговиот противкандидат, демократот Џон Кери е гласање за непознатото. Неодамнешните истражувања на јавното мислење покажаа дека Буш полека го престигнува Кери, па дури и оти води. Буш се надева дека четиридневната конвенција на републиканците позитивно ќе влијае за неговиот рејтинг. Некои анкети покажаа дека Кери по конвецијата на демократите во Бостон не добил поголема поддршка од американската јавност. Пред претседателските избори во Америка што ќе бидат одржани на втори ноември, Буш и Кери треба да имаат три меѓусебни јавни дебати.
XS
SM
MD
LG