Достапни линкови

Состојбата во Македонија и регионот се движи во вистинска насока


Состојбата во Македонија и во регионот воопшто се движи во вистинска насока, смета Роберт Сери директор за операции на Балканот во НАТО кој денеска е во посета на Македонија. На средбата со министерот за одбрана Владо Бучковски биле разгледувани повеќе актуелни теми во земјата.

„Јас исто така се сретнав со вашиот министер за одбрана на церемонијата за смена на командата во Косово. Ние разговаравме за состојбата во регионот и се согласивме дека работите се движат во вистинска насока и ова го кажувам поради пишувањата во медиумите во вашата земја за обновување на големоалбанските идеи, и мислам дека многу малку од тоа е вистина.Можам да кажам дека развојот во Македонија е во друга насока, во насока на стабилизирање на регионот, изненаден сум што можам да прочитам во македонскиот печат дека е можна обнова на етничките тензии, тоа не е случај,“

изјави Сери.

Во контекст на прашањето на стабилноста во земјата и регионот воопшто тој вели дека и на Косово има извесен напредок и оти почетокот на работата на како што посочи новата екипа - новиот претставник на Обединетите нации и новиот командант на КФОР има капацитет да работи во насока на напредок на покраината.

Претставникот на НАТО со позитивни оценки за работата во процесот на приближување кон Алијансата:

„Се прави голем прогрес можам да ви кажам во рефорите на армија и постигнувањето на НАТО стнадардите, а тоа е многу важно.“

Говорејќи за претстојниот референдум на кој граѓаните ќе се изјаснуваат за општинските граници во земјава, Сери вели дека меѓународната заедница целосно ќе ги почитува демокртаските одлуки и додаде - се надевам дека народот на Македонија ќе биде доволно мудар што да прави во овој случај, се надевам дека нема да дојде до ситуцаија за да се отвори повторно прашњето на Охридскиот договор.
XS
SM
MD
LG