Достапни линкови

Опозицијата и СМК против, СДСМ и ДУИ за предложениот термин


Седми ноември датумот кој го предлага, претседателот на Собранието Љупчо Јордановски за одржување на референдумот за територијалната организација за опозицијата, како и за организаторот на иницијативата Светскиот Македонски Конгрес не е прифатлив. Тодор Петров, најавува кривична пријава против претседателот на Парламентот, Јордановски кој според него незаконски ја сменил одлуката на органзиаторот, референдумот да биде одржан на 21 ноември поради муслиманските празници.

„За злоупотреба на службена должност против претседателот на Собранието ќ поднесеме кривична пријава, кој си презема право место овластениот претставник.“

Образложувајќи ја причината, поради која не ја прифатил сугестијата на СМК, референдумот да биде одржан на 21 ноември, првиот парламентарец, Јордановски вели:

“Сугестијата може со амандмани да се поднесе и да се смени предлогот, ако собранието усвои.”

За него 7 ноември е поприфатлив датум бидејќи:

„да ја завршиме таа работа побрзо и да се посветиме после на тоа што ќе следи по референдумот.”

ВМРО ДПМНЕ ќе го искористи своето право преку амандмани, во рамки на собрансиката расправа да делува на изменување на терминот за референдумот, предложен од претседателот на собранието и прифаќање на датумот на СМК.

„Доколку биде на 7 ноември ќе се совпадне со муслиманските верски празници. Ние не знаеме зошто 7 ноември, ама си имаат веројатно некои замисли.”

изјавува Коце Трајановски од оваа партија.

Наспроти противењето на опозицијата, за партите од владеачката коалиција 7 ноември е прифатлив термин за изјаснување на граѓаните, бидејќи според нив на тој начин побрзо ке заврши целата постапка.

„Две три денели во опција не треба да се проблем, така што ќе го прифатиме ставот на претседателот.”
„Ние сме што побрзо да се одржи референдумот. За нас е прифатлив датум 7 ноември.”


потенцираат координаторите на пратеничките групи на СДСМ И ДУИ, Јани Макрадули и Рафиз Алити.

На собраниската седница, поради ставот дека референдумот не е потребен, нема да присуствува ПДП, ДПА ќе биде претставена само од координаторот на пратеничката група Замир Дика. Инаку пратениците освен одлуката за распишување задолжителен референдум, денеска ќе расправаат и за измените на законот за локални избори, во кој Владата предложи изборите да бидат одржани до 31 март 2005-тата година.
XS
SM
MD
LG