Достапни линкови

Беслан: Акција на руските сили за ослободување на заложниците


Околу училиштето во Беслан - руска Северна Осетија каде што милитанти држат стотици заложници , меѓу кои и деца, денеска има спорадични експлозии и стрелби од огнено оружје. Како што јавуваат агенциите, со амбулантни коли се однесле неколку ранети лица. Руски напаѓачки хеликоптери кружеле над училиштето, а рускиет сили се движат кон училиштето.Според интерфакс, кровот на училиштето делумно пропаднал. Има извештаи и дека група заложници успеала да побегне. Вчера киднаперите ослободија 26 жени и деца. Две од нив изјавија дека во училиштето има над илјада киднапирани лица. Во меѓувреме, претседателот на Северна Осетија Александар Дзасоков изјави дека барањето на кидаперите е независност за Чеченија. Според него, во училиштето имало најмалку 500 заложници.
XS
SM
MD
LG