Достапни линкови

Куманово: Потврдено киднапирањето на тројца македонски работници во Ирак


Претседателот на компанијата Соуфан Инжинеринг, Насер Соуфан, ја потврди информацијата за киднапирањето на тројца македонски граѓани во Ирак. Далибор Лазаревски, Драган Маркович и Зоран Насковски во Багдат кои заедно со уште 40 македонци работеле за американската компанија, биле киднапирани на 23 август. Утринава разговарав со американската амбасада во Ирак. Отаму ми рекоа да ја потврдам информацијата за киднапирањето на тројцата македонски граѓани, вели Соуфан. Според него заедно со американските власти интензивно се работи за ослободување на заложниците. Набргу се очекува во Македонија да пристигне преставник на Саоуфан Инџинеринг кој треба да ги извести семејставата на киднапираните за овој случај.
XS
SM
MD
LG