Достапни линкови

СДСМ и ДУИ ќе бидат кооперативни во Собранието, ДПА и ПДП нема да учествуваат во расправата


Во пресрет на собраниската седница за референдумот, владеачката коалиција својот настап го концентира на укажувањата од неговата штетност, но го почитува демократското право за граѓанско изјаснување. Во таа насока, вели Јани Макрадули од СДСМ, ќе бидеме кооперативни околу предлозите на претседателот на Собранието за одржување на референдумот:

,,Сметам дека и другите пратенички групи ќе сфатат дека откако се собрани потписите, Собранието треба само да го констатира референдумот и Претседателот да го закаже терминот за негово одржување."


И покрај ставот дека референдумот е против Охридскиот договор и штетен за евроинтеграциите на земјава, ДУИ сепак ќе учествува на седницата, со што вели Теута Арифи од оваа партија, ќе покажеме дека:

,,Го почитуваме фактот дека се собрани 150 илјади потписи на граѓаните кои сакаат да одат на референдум и по тој приницип ние ќе бидеме согласни Собранието да го распише референдумот."

Наспроти негативните импликации од граѓанското изјаснување, на што укажуваат владеачките партии, опозиционата ВМРО ДПМНЕ која беше и вклучена во организацијата на референдумот, им дава безрезервна подршка на граганите околу изјаснувањето за територијалната организација.

,,Ќе се ставиме во функција на подржување на овој референдум и како партија ќе ги мобилизираме и ангажираме сите наши ресусри и капацитети."

изјавува Ганка Самоилова-Цветановска.

Референдумот е неприфатлив за ПДП и оваа партија дефинитивно нема да учествува на собраниската седница на која тој ке биде прогласен.

,,Затоа што ние мислиме дека немаше потреба и нема потреба од референдум."

потенцира Исмет Рамадани од ПДП.

Ставот на Демократската партија на Албанците во врска со претстојната седница е:

,,Добиваме впечаток дека нашето присуство е само како декор отколку дека им помага нешто."

Истакнува Иијаз Халими од ДПА.

Наспроти предлогот на организаторот на референдумот СМК, терминот за негово одржување да биде 21 ноември, Претседателот на Собранието Љупчо Јордановски, предлага:

,,Закажав седница со одлука во која што е ставен 7 ноември како датум за одржување на државен референдум.”

Освен одлуката за распишување на референдум, собранието ке расправа и за измените во законот за локални избори, во кои Владата предлага општинските избори да бидат одржани на 31 март 2005-та, а дотогаш мандатот на сегашните градоначалници да биде продолжен.
XS
SM
MD
LG