Достапни линкови

Референдумот ќе има влијание на реформските процеси


Меѓународната заедница смета дека одржувањето на референдумот на кој граагните ке се изјаснуваат останување територијална поделба од 1996 година според која во земјава има 123 општини плус градот Скопје ке има импликации врз развојот на реформските процеси во Македонија:

„Има извесен број импликации на коишто мислев. Прво, ќе се одложат локалните избори. Сеуште не знаеме точен датум, но според временската рамка што ја имаме, секако ќе бидат одложени поради ова локалните избори, другата работа е што вниманието ќе се сврти од реформските процеси особено во областа на економијата. Исто така ќе се одложи и имплементацијата на пакетот за децентрализација.“

изјави Шина Томсон портпарол на Европската унија во земјава. Таа оценува дека од голема важност е да продолжи имплементацијата на охридскиот договор, а оти токму децентрализацијата е процес кој придонерсува за развојот на македонското мултиетничко опШтество. Во земјава треба да продолжи спроведувањето на рамковниот договор, вели Томсон и додава - започнатите работи не треба да се вракаат назад.
XS
SM
MD
LG