Достапни линкови

Москва: Железничката станица евакуирана по анонимен повик за поставена бомба


Една од московските најголеми железнички станици Курск денеска била евакуирана по анонимниот телефонски повик дека во неа имало поставено бомба. До ова дојде само дванаесет часа откако во бомбашки напад во Москва загинале десет луѓе, а повеќе од пеесетина биле повредени, од кои петнаесетина во тешка состојба. Руските власти соопштија дека експлозијата ја предзвикала жена самоубиец. Одговорноста за нападот ја презедоа ,,Бригадите Исламбули,, истата исламистичка група која соопшти дека неодамна ги соборила двата руски патнички авиона при што загинаа осудесет и девет лица.
XS
SM
MD
LG