Достапни линкови

Државата нема прецизни податоци


Во Македонија постои експлоатација на детскиот труд во неформалната економија и во малите бизниси, оваа забелешка стои во годинешниот извештај на Европската банка за обнова и развој за состојбата на економски план во државава. Наспроти ваквата регистрирана состојба, која Македонија ја сврстува во група со африканските или азиските земји, ниту една од надлежните институции не располага со прецизни податоци за бројот на малолетниците чиј труд се злоупотребува:

„Претпоставувам дека забелешките во нивните извештаи се однесуваат за случаите кога децата се забележува дека спроведуваат некои форми на работа, продавање на улиците, миење на возилата и слично.“

изјавува Сузана Велкова од Министерството за социјална политика и труд која претпоставките ги поткрепува со податокот:

„Нашата трудова инспекција од постојаните увиди и контроли што ги прави кај правните субјекти, коишто се и работодавци, до сега нема забележано и откриено ситуации на експлоатација на детски труд.“

Податоци за експолатација на детскиот труд во земјава, како работна сила немаат ниту во министерството за внатрешни работи, оттаму говорат за регистрирање на поинакви начини на злоупотреба на децата, за што најавуваат изготување на проект план за нивна заштита.

„Којшто содржи мерки и активности што се однесуваат на малолетничката деликвенција и спречување на експлоатација на децата,“

вели портпаролот на МВР Горан Павловски.

Наспроти ресорните министерства, во Хелсиншкиот комитет укажуваат дека постојат сознанија за т.н. ,,исчезнување,, на деца од внатрешноста на Македонија, кои работејки издржуваат цели семејства, но немањето на официјални податоци и соодветни проекти од надлежните институции ја оневозможува нашата реакција, вели претседателот на организацијата за човекови права, Мирјана Најчевска:

„Во државава моментално има многу малку податоци, затоа што не се правени истражувања, ниту се прават подготовки за истражувања во оваа насока, независно што нашата држава доби негативен извештај за состојбата со правата на децата во Република Македонија од комисијата за човекови права. Не се направија никакви чекори во насока на утврдување на вакви релевантни моменти.“

Укажување за потоење на ваков тип на проблеми деновиве пристигна и од високите претставници на Организацијата за заштита на децата при Обидентите Нации УНИЦЕФ, кои посочуваат дека трговијата со децата, нивната злоупотреба како и малолетничката деликвенција е најголем проблем за регионот.
XS
SM
MD
LG