Достапни линкови

Сочи: Средба Путин, Ширак, Шредер


Во Сочи на Црно Море денеска се одржува состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин, францускиот Жак Ширак и германскиот канцелар Герхард Шредер. Како што јавуваат агенциите, теми на разговор се економската соработка меѓу трите земји и меѓу Русија и Европската Унија, како и меѓународните прашања, вклучувајќи ја ситуацијата во Ирак и Авганистан и состојбата на енергетскиот пазар. Ширак вчера не пристигна во Сочи, како што беше планирано, поради кризата околу двата француски новинари киднапирани во Ирак.
XS
SM
MD
LG