Достапни линкови

За владата опасна мерка, за опозицијата нужно зло


Владата трвди дека нема да се одлучи на чекорот наречен девалвирање на курсот на денарот, опозицијата вели, ако економијата продолжи да тоне ќе се нема друг избор, експертите кометираат со ваквов курс на денарот нема развој. Народот по прашањто дали е за промена на вредноста на неговата валута или не никој не го прашува, а и зошто кога оние кои секоја власт најмногу ги почитува, МеЃународниот монетарен фонд во својот извештај веќе напишаа: Македонија треба да го преиспита нивото на девизниот курс на денарот.

На ваквите сугестии Заменик министерто за финансии Димко Кокаровски со став:

„Не се размислува за девалвација”

Од опозицијата велат, девалвирањето ќе биде нужно зло од едноставна причина што македонската економија веќе подолг период тапка во место.

„Ако вака се продолжи уште неколку месеци тоа ќе биде нужно, ако нема подобрување на економијата, тогаш не е прашање дали сакаме или не сакаме, туку ќе стане неизбежно.”

вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Нека се намали сивата економија, степенот на корупција да се сведе на минимум, нека се извршат вистински реформи во судството, нека се прати абер до инвеститорите дека Макеоднија е земја каде функционираат законите, прашањето на курсот на денарот ќе стане ирелевантно вели професорот од економскиот институт Димитар Ефтимовски.

„Курсот е цена на валута, а не фактор на економски развој. Се знае кои се фактори на разој.”

Од опозицијата велат, доколку не заживее економијата а во меѓувреме не се изврши девалвирање на денарот, ваквата политика ќе оди на штета на целокупната економија

„Може да се случи и на подолг рок, ама на сметка на влошување на вкупната економска положба што може да предизвика и социјални немири.”

Операцијата наречена девалирање на денарот може да биде опасна авантура тврди Кокаровски:

„Имаме стабилна економска политика. Тоа е опасна мерка што може да предизвика многу дисторзија во системот.”

Преговорите за новиот аранжман со ММФ ќе започнат во октомври кога и точно ќе се знае дали до крајот на годината курсот на денарот ќе загуби од својата вредност или и понатаму ќе остане фиксен.
XS
SM
MD
LG