Достапни линкови

Париз: Франција нема да ја укине забраната за носење муслимански шамии во јавните училишта


Официјален Париз денеска соопшти дека нема да ја укине забраната за носење муслимански шамии во јавните училишта и покрај заканите од киднаперите во Ирак, кои држат како заложници двајца француски новинари. Според телевизијата Ал Џезеира, киднаперите кои се нарекуваат Исламска Армија, побарале до вечер францускиот парламент да ја укине забраната, која практично ќе стапи во сила од четврток кога започнува учебната година во Франција. Со цел да издејствува ослободување на француските новинари, на Блискиот Исток допатува францускиот министер за надворешни работи Мишел Барние.
XS
SM
MD
LG