Достапни линкови

Противуставно е Собранието да го отфрли референдумот


Иницијаторот за собирање потписи за свикување референдум Тодор Петров од Македонскиот Светски Конгрес утре ќе ги поднесе обрасците со собраните поптписи до претседателот на собранието Љупчо Јордановски. Денеска потписите ќе бидат подигнати од Министерството за Правда каде што минатата недела списоците се проверуваа и се чистеа од дупликати.

„Се надеваме до крајот на работното време да го подигнеме сите обрасци од подрачните одделенија. Исто така денеска ќе го комплетираме предметот и се надеваме во текот на утрешниот ден, со кабинетот на претседаетлот на Собранието да договориме прием за предавање на обрасците.”

Седницата на која треба да се закаже референдумот би требало да се одржи кон почетокот на наредната недела. Во меѓувреме владата треба да реши дали на истата седница ќе се предложат и измени на постојниот закон за локални избори:

„По сегашниот закон за локални избори јас на 11 септември треба да ги распишам изборите. Значи од владата пред 11 септември мора да бидат доставени измените на постојниот закон.”

изјави претседателот на собранието Љупчо Јордановски. Инаку се уште не се решени процедуралните нејаснотии кои се појавија, дали на оваа собраниска седница пратениците само ќе констатираат или пак Ќе имаат право да дебатираат по барањето за свикување референум:

„Секоја одлука правно е легитимна ако се изгласа во парламентот. Постои мала веројатност дека парламентарците коишто гласаат по своја совест, да не ја изгласаат одлуката, што е противуставно, зашто таму стои со 150,000 потписи Собранието распишива референдум.”

Со владиниот прелог за одложување на локалните избори поради одржувањето на референдумот, кој е најавен за денеска, треба да се определи новиот датум на локалните избори.
XS
SM
MD
LG