Достапни линкови

Скопје: Денеска затворање на Струшките вечери на поезијата


Четириесет и третите Струшки вечери на поезијата денеска на Плоштадот Македонија во Скопје ќе бидат затворени со меѓународниот поетски митинг Мостови, како и со доделување на наградите Златниот венец и Мостовите на Струга. Како што е познато, Златниот венец му е доделен на поетот Васко Граса Мура, додека Ангело Суарез е добитник на наградата Мостови на Струга. Оваа манифестација годинава се одржуваше во Скопје и Охрид, откако Кризниот штаб за опстанок на Струга реши овој град да не биде нејзин домаќин поради незадоволството од новата територијална организација на Македонија.
XS
SM
MD
LG