Достапни линкови

Грозни: Вонредни претседателски избори во Чеченија


Во Чеченија денеска се одржуваат вонредни претседателски избори, откако на девети мај годинава во терористички напад во Грозни беше убиен претседателот Ахмат Кадиров. На оваа функција претендираат седумина кандидати, но за фаворит се смета досегашниот министер на полицијата Алу Алханов кој ја има поддршката на Москва. Над четиристотините избиричаки места ги чуваат повеќе од четири илјади полицајци. Инцидент имало во Грозни кога пред избирачкото место еден човек се разнесол со експлозив. Други повредени немало. /Паѓањето на двата руски авиона во вторникот и во кои беа пронајдени траги на експлозив, според аналитичарите во Москва, било повразно со изборите во Чеченија. Имено, постои сомневање дека нападите ги извршиле две чеченки кои се наоѓале во авионите.
XS
SM
MD
LG