Достапни линкови

Затворени окна и чекање подобри времиња


На денот на рударите 28 август во Македонија не функционира ниту еден рудник . Значи, на 70 годишнината од отворањето на првиот рудник , рударските окна се комплетно празни, а рударите се испратени под Заводот за вработување. Рудниците за железна руда „Дамјан“ и „Тајмиште“ не работат затоа што не работи скопска „Железара“, радовишки „Бучим“ е затворен затоа што претходниот сопственик ископа што имаше да ископа и кога требаше да почне да инвестира во механизација и нови копови си замина.

Единствено во моментов со нов сопственик кој најавува рестартирање до крајот на годинава е рудникот за олово цинкова руда „Саса“ од Макеоднска Каменица.

„Според нашите оценки потребно е подолго време од шест месеци,“

вели Власто Стојменовски, рударски инженер од „Саса“. За рудниците „Тораница“ и „Злетово“ кои исто така неработат, тендерите за продажба завршваат на 6 септември кога ќ се отворат ипонудите. Според стечајните управници интерес за купување на двата рудника пројавила единствено една американска компанија.

„Имаше заинтересирани од Америка купувачи, очекуваме од нив да добиеме најсериозна понуда,“

вели Зоран Денковски стечаен управник на рудникот „Злетово“. Само од „Злетово“ и „Тораница“ под Завод за вработување се испратени над 2000 работници. Изгледи да обезбедат егзистенција од својата професија доколку рудникот проработи имаат рударите од „Саса“.

„Треба да се вработат 900 луѓе во првите три години, а ќе треба да се инвестираат над 8 милиони долари.“

И Димче Стојменовски, рудар во рудникот „Саса“ вели, се надеваме дека за некој месец ќе заврши рударската агонија на рударите од Македонска Каменица.

„Рударите се под Завод 15 месеци. Се очекува за три до шест месеци да се рестартира рудникот и рударите пак да се вратат пак на работа. Инаку, е тежок животот на рударите.“

А дека рудниците располагаат со рудно богатство потврдува и Маринко Саздовски, стаечаен управник на рудникот „Злетово“, рудник посочен од ексертите во однос на останатие рудници за олово-цинкова руда како еден од најсиромашните:

„Со таа содржина на метал на рудата. Некаде за 20 години има можност за експлоатација. Нормално, можности за експлоатација постојат и уште поголеми со дополнителни истражувања.“

И додека сега рударството во индустрискот производство воопшто не учествува, најголемиот процент кој оваа гранка ја регистрирала во овој макроекономски показател изнесува 3.2%, што споредено со земјите од Регионот е на исклучително ниско ниво со оглед на бројот на отворените рударски окна и рудното богатство со кое располага Македонија.
XS
SM
MD
LG