Достапни линкови

logo-print

Косово и Македонија не треба да се поврзуваат, за нас клучна децентрализацијата


Проблемот на кризи на дел од државите на Балканот не е затворен, затоа што изворите што продуцираат нестабилност, не се елиминирани, оценуваат македонските аналитичари. Според професорот Трајан Гоцевски, од филозофскиот факултет во Скопје:

„Нерешавањето на статусот на Косово и воопшто и процесот на ситуирање и на другите држави, сеуште не е завршен. Останува релациите меѓу Србија и Црна Гора како ќе одат итн, Босна сеуште не е додефинирана. Значи, треба интензивно меѓународната заедница да работи на тој проблем, а не да го одлага, бидејќи одлагањето го усложнува и одлагањето само може да биде попроблматично кога ќе дојде денот за решавање на тој проблем.“

Политикологот Хисен Рамадани вели:

„Сигурно е дека земји со најголем степен на ризичност, сеуште се БИХ, СЦГ, Косово и Македонија, кои имаат повеќе причини, но мислам дека заеднички именител им е политичката нестабилност, главно мотивирана со меѓунационални односи. Мислам дека е итна потребата од отворањето на Европа кон нив и прагматичен програмски пристап за помагање при некои кризи коишто се таму посебно актуелни.“

Според експертите, прашањето на Косово, останува клучно за стабилноста во регионот. Тие потсетуваат дека дефинирањето на неговиот статус е работа на меѓународната заедница. Но, според македонските аналитичари, за Македонија во овој момент суштинско е да биде решено прашањето на децентрализацијата:

„Косово е Косово, Македонија е Македонија. И мислам дека наша задача е да ги ускладиме односите во Македонија со консензус, дека сите сакаме да живееме доброволно, со воја волја во Македонија, а не затоа што сме принудени или некој не натерал заеднички да живееме. Тоа е суштинаа на нештата, тоа е одговор на она што е дека Косово може или не може да се имплицира врз Македонија.“

Гоцевски предочува:

„Проблемот е отворен и според мене апсолутно е неприфатливо меѓу владеачките коалиција да престанат разговорите околу тоа прашање. Просторот до референдумот треба да се искористи, за граѓаните да видат, дека владеачката коалиција, па и опозицијата со нив, значи треба да се направи широк блок кој ќе дискутира деноноќно и ќе најде политичко решение, бидејќи без тоа едноставно состојбата не може да биде онаква каква што посакуваме.“
XS
SM
MD
LG