Достапни линкови

Наџаф: Приврзаниците на Моктада Ал Садр почнале да го предаваат оружјето


Приврзаниците на радикалниот ирачки шиитски свештеник Моктада ал Садр, по напуштањето на џамијата Имам Али почнале да го предаваат оружјето, јавуваат агенциите. Се додава дека ирачката полиција, по влегувањето во џамијата, пронашла десетина тела, но оти се уште не се знае кои биле жртвите. До крајот на три неделните борби меѓу шиитските бунтовници и американските сили дојде откако ајатолахот ал Систани го убеди ал Садр да го прифати мировниот договор за Наџаф.
XS
SM
MD
LG