Достапни линкови

logo-print

Москва: Руската федерална служба потврди дека уривањето на еден авион е терористички акт


Руската Федерална служба за безбедност потврди дека уривањето на еден од двата руски патнички авиона пред неколку дена претставувал терористички акт. Портпаролот на оваа служба Николај Захаров изјави дека биле идентификувани извесен број луѓе кои би можело да бидат инволвирани во нападот. Во скоро истовременото уривање на двата авиона кои полетале од истиот Мосоковски аеродром загинаа осумдесет и девет лица.
XS
SM
MD
LG