Достапни линкови

На Македонија и е потребен флуктуирачки девизен курс


Со вториот годишен извештај за Македонија, ММФ и конечно призна, дека со оваа земја веќе подолг временски период водел погрешна макроекономска политика. Инсистирањето во извештајот на ММФ, каде јасно се наведува дека Македонија ќе мора да го напушти фиксниот и да се преориентира на флексибилен курс на денарот, е и официјално менување на досегашната политика, тврди професорот од економскиот факултет Димитар Евтимовски:

„Изгледа дека она што зборувавме цело време, што покажувавме дека економијата е стабилна, тоа е одамна, ама нема развој. Значи, нив им требаше подолго време да заклучат дека економијата е стабилна и дека е потребен растеж. А, сега растежот не се креира со девизен курс.“

Сега од ММФ велат, за следен аранжман ќе размислиме, но и доколку се одлучи да и биде доделен, тој мора да биде врзан со менување на курсот на денарот, и превземање на обврската за порадикални структурни реформи. Ефтимовски вели, добро е да имаме аранжман со ММФ, но не е од фундаментално значење за развојот на Македонија:

„Целта на аранжманите беше одржување на стабилност, односно да видат другите инвеститори дека нашата земја е стабилна, потпишала аранжман, па ајде да инвестираат. Ама, кај нас никој не инвестираше. Стабилност имавме монетарна, ама не и насекаде. На пример, на пазарот на работна сила немавме стабилност.“

Осумгодишното инсистирање на ММФ да живееме, исклучиво и по секоја цена во стабилна економија не доведе до ова дереџе, на кое сега се наоѓаме, вели Ефтимовски:

„Цело време укажуваме на тоа дека не беше целта на политиката стабилност. Целта беше развој. Стабилност може да биде и како што е сега, стабилна е економијата, ама ние лошо живееме.“

И по осумгодишен период од страна на ММФ да се отвора темата дали Македонија треба да има фиксен, односно дури сега да ја протежира тезата дека и е потребен флексибилен курс на денарот во најмала рака е несериозно, тврди Ефтимовски:

„Курсот е цена. Цена на валута, а не е фактор на економски развој. Не знам зошто луѓево ги манипулираат така. Фактори на развој се знае кои се и преку нив се поттикнува развојот. А, дали фиксен или флуктуирачки девизен курс и други манипулации во монетарната сфера, што воопшто немаат влијание врз развојот на економијата.“
XS
SM
MD
LG