Достапни линкови

logo-print

Според УНДП, меѓу 110 и 170 илјади луѓе поседуваат илегално оружје


Ограбени бензински пумпи, грабежи во домови, закани со оружје се секојдневни информации Што ги полнат црните хроники на медиумите.

„За 20 насто бројот на ваквите криминални активности е зголемен бројот во споредба со лани, но мора да се напомене дека е зголемен бројот и на реализирани вакви случаи,“

вели портапролот на Министерството за внатрешни работи Горан Павловски. Според една публикација на Канцеларијата за развој на Обединетите Нации во минатата година процентот на извршени напади или закани со огнено оружје во Македонија бил 25 насто за разлика на пример од земјите во централна Европа каде тој процент е околу шест насто. Познато е дека криминалните дела најчесто се извршени со илегално оружје. Ова го потврдува полицијата:

„ Речиси секојдневно од граѓаните се одземаат по неколку парчиња оружје. Но, истовремено, речиси секојдневно се случуваат и вооружени разбојништва. Со ваков вид оружје.“

Проценките на Јуенди пи се дека во Македонија 110 до 170 илјади луѓе поседуваат илегално оружје:

„Говорам за луѓе што поседуваат оружје а не за бројот на илегалните парчиња. Тоа значи дека еден човек може да поседува две или повеќе парчиња оррујже така Што на прашањето колку навистина илегално оружје има во Македонија никој не може со сигурност да одговори,“

вели Ален Дипон од ЈУ ЕН ДИ ПИ. Во доброволната акција што макеоднија ја спроведе се собрани седум илјади парчиња. Оттаму и прашањето може ли полицијата да биде поефикасна во санкционирањето на оние што сеуште поседуваат оружје:

„Присилно одземање на нелегално огнено оружје, може да се направи доколку има голема меѓународна поддршка. Сепак, сметам дека мораме да бидеме реални, дека Македонија се наоѓа во една инзвонредно чувствителна фаза, така што, една таква акција, би добила политичка конотација, и можеби би направила и повеќе штета, отколку корист,“

смета Владимир Пандовски од националната асоцијалција за оружје. Тој посочува од потребата за нова акција за собирање на илегалното оружје. За нејзината успешност е неопходна добра подготовка вели Пандовски:

„Бидејќи искуствата што ги имаме од претходната акција покажуваат дека најважен дел е припремата. Припремите за добро остварени акции се движат околу две години.“

Во МВР не ја ислучуваат таквата можност:

„Во моментов нема некој проект, меѓутоа зошто да не се размислува на таа тема.“
XS
SM
MD
LG