Достапни линкови

ЕУ Мора да го преземе Косово


Европската Унија мора да го преземе Косово. Под овој наслов весникот Вол Стрит Џрнал објавува анализа потпишана од Даг Биројтер, претседател на поткомитетот за Европа во американскиот Конгрес и претседател на парламентарното собрание на НАТО, како и од Томас Грант, експерт по меѓународно право на Кембриџ универзитетот.

Насилството, окрестрирано од албанските екстремисти што пролетта се случи на Косово го смени мислењето дека таа Балканска проблематична провинција е подготвена за целосно само управување. Од друга страна администрацијата на Обединетите Нации досега не успеа да создаде инстутиции и да придонесе за економска стабилизација, најважни предуслови за таквото само управување. Фатено меѓу сопствената неподготвеност и разочараноста од сегашното меѓународно туторство, на Косово му треба нов приод, велат авторите на текстот во Вол Стрит Џрнал, кои додаваат: Како што меѓународната заедница се соочува со одлука за статусот на Косово кон средината на идната година, така би требало да се разгледа опцијата за олеснување на Европската интеграција на покраината во која ќе продолжат меѓународните гаранции на малцинските права. Односно, во идната година би требало Обединетите Нации управувањето со Косово да и го предадат на Европската Унија. Создавањето на таква покровителска територија на Косово под администрација на Европската Унија ќе биде креативен механизам за формирање на добра косовска влада. Во исто време, тоа ќе го стави Косово на патот за евентуално членство во Европската Унија без притоа да се прејудицира дали Покраината ќе биде дел од Србија или независна држава. Колку побргу Европската Унија ќе ја им ја понуди својата визија за интегрирање, толку побргу во земјите од Западен Балкан ќе почне тешкиот процес на нивна хармонизација со Унијата. Но, како што се додава во анализата, Косово не е како другите европски делови, бидејќи неговата влада, јавниот сервис и судовите се уште не се подготвени да се справат со хармонизацијата. Затоа, Европската Унија треба да ја преземе цивилната администрација на Косово, додека во исто време НАТО ќе остане задолжен за безбедноста во Покраината. Сепак, ваквата идеја нема да биде многу популарна во коридорите на Европските институции каде што ќе речат дека и онака имаат многу работа по проширувањето на Унијата со нови членки и околу подготовките за да ја преземат од НАТО мировната мисија во Босна. Како и да е, покровителството на Европската Унија на Косово ќе ја задржи перспективата за донесување долгорочна стабилност во една од најпроблематичните европски територии. Постојат два можни предизвика на вакиот ангажман. Првиот е во Повелбата на Обединетите Нации во која се вели дека покровителскиот систем не може да се применува во територии на земји кои се членки на Обединетите Нации, а Србија и Црна Гора е членка. Но, тоа би можело да се надмине доколку Белград биде убеден дека тоа е единствена алтернатива за незвисноста на Косово и најдобар начин за заштита на српското малцинство во таа покраина. Најважен чекор, сепак, ќе биде да се добие одбрувањето за тоа од самите косовари. Нема двоумење дека албанското мнозинство перферира независност, иако тоа ќе предизвика меѓународни проблеми. Токму затоа, меѓународната заедница и, особено Европската Унија треба да ги убедат косоварите дека Унијата може да им донесе просперитет, се наведува во анализата поптпишана од Даг Биројтер, претседател на парламентраното собрание на НАТО и од експертот Томас Грант.
XS
SM
MD
LG