Достапни линкови

Наџаф: Нападнати приврзаниците на Моктада Ал Садр


Приврзаниците на ирачкиот радикален шиитски лидер Моктада Ал Садр биле нападнати за време на денешниот нивен марш од Куфа до светиот град Наџаф каде што веќе неколку недели траат борбите меѓу американските сили и муслиманските милитанти. Се уште не е јасно кој го извел нападот, во кој, според агенциите, имало многу жртви. Инцидентот се случил веднаш откако големата џамија во Куфа била ракетирана при што загинале најмалку дваесет и пет луѓе, а шеесетина биле ранети. Од друга страна, високиот ирачки шиитски лидер Али ал Систани е на пат за Наџаф во обид да издејствува крај на конфликтот во тој град.
XS
SM
MD
LG