Достапни линкови

logo-print

Размена на искуствата во приближувањето на земјите до ЕУ


Македонија во процесот на европската интеграција има можност да ги гористи искуствата на сите земји кои пред неа конкурираа и го добија статусот на земја кандидат. Во таа смисла хрватското искуство има свои предности бидејќи станува збор за што како и Македонија до Европа оди преку процесот за стабилизација и асоцијација

„Затоа е Хрватска погодна. Исто така погодна е затоа што произлезе од поранешна Југославија, што значи дека патот на транзицијата до сега е многу сличен. Има разлики, меѓутоа е сличен. А, веројатно и други работи се споредливи. Културолошки и други го прават хрватското искуство за Македонија многу корисно.”

коментира професорот од правниот факултет Ванчо Узунов. Тој вели искуството на Хрватска може да се сумира во една едниствена лекција која не би било лошо Македонија уште еднаш да ја повтори дека пресудно за европската интеграција е оддаденоста на процесот:

„Хрватското искуство може да не научи дека и тие тапкаа во место, во пепел, се додека не решија, дека добро, мора да се голтне некоја кнедла, за да се добие од убавата чорба. Особено што тој процес е процесот што Европа го очекува од сите земји. Таа самата е градена на тие принципи. Сите земји направиле некои помали или поголеми отстапки, а секој за себе тоа го гледа како најстрашно. Спремноста да се прави тоа се бара, затоа што таа спремност понатаму е доказ за зрелоста да влезете во интеграција којашто ќе бара отстапки и понатаму. Ако процесот го ставите на пиедестал, рамен, на кој нема друг процес, дури сте спремни и одредени работи да ги жртвувате за таа цел, тогаш процесот почнува да се развива.”

Хрватското искуство се разбира има и попрактична и конкретна употребна вредност како што е користењето на нивниот прашалник и одгворите како урнек, но при тоа не смее да се заборави, вели Узунов дека станува збор за пример, а не за готово решение.

“и во поглед на прашалникот, ние го имаме хрватскиот. Сите ние сме виделе во школо. Имате вие пример на задача, ама на испит ќе добиеш таква задача од која што примерот може да помогне, ама не може да го препишеш примерот, мора сам да ја решиш задачата. Гледај го примерот, види каква е логиката на работење, ама проблемот е тој, не можеш да го решиш со препишување.”
XS
SM
MD
LG