Достапни линкови

Бунарџик на 50 години управување на компанијата Глендор од Велс


Со денешното потпишување на договорот помеѓу владата и велшката компанија Глендор Естејт слободната економска зона Бунарџик и официјално доби свој стопанственик кој со зоната ќе управува во наредните 50 години со можност за продлжување на договорот за дополнителни 25 години.

Бенифитот за Макеоднија ќе биде зголемување на странските инвестиции, отворање нови работни места, заживување на економијата.

“На Република Македонија може да и донесеме нови работни места, нови технологии, зголемување на извозот. Република Македонија ќе ги привлекува и сите оние млади и стручни кадри.”

вели Виктор Делов заменик директор во дирекцијата за слободни екоеномски зони. Глендор естеит се обврзува само за оформување на инфраструктурата во Бунарџик да инвестира 8 до 9 милиони евра, а во првата година оваа сума несмее да биде помала од еден ипол милион евра.

“Инвестираат основна инфраструктура, направат парцели, може да рентаат земјиште. Доколку изградат и покриен простор, ќе рентаат и покриен простор, а цената на чинење по метар квадратен ќе биде повисока.”

Според физибилити студијата за период од една година идните компании кој ќе стопанисуваат во зонатаза затворен простор по метар квадратен ќе плаќаат од 40 до 50 евра. Бунарџик располага со површина од 140 хектари. Интересот на компаниите кои ќе работат во зоната, ќе биде ослободување на царинските давачки, со што производот што ќе излезе од зоната, само по оваа основа ќе биде поефтин за 30-40 насто:

“Таа рента е минорна, во однос на царинските и даночните ослободувања. Тоа е она што го добива од државата. Дури и данокот од добивка е ослободен за првите десет години од работата, и о вторите десет години, дококлу добивката ја реинвестира во развојни цели во зоната.”

Дирекцијата за слободни економски зони, веќе изготви и студија за отворање на следна економска зона. Таа ќе биде лоцирана во гевгелискиот регион.

“И таа зона би била грин филд инвестиција, значи од земја да се подигаат фабрики, на површина од 96 хектари.”
XS
SM
MD
LG