Достапни линкови

Поплавените оранжерии пред банкрот, владата само ветува


Директно засегнатите од мајските поплави кои во најголем дел го зафатија струмичкиот, валандовскиот и гевгелискиот регион реагираат, владата сеуште не ни ги исплатила средствата за претрпените штети. Единствено останаа сликите како највисоките владини функционери загрижени продефилираа покрај уништените оранжерии ветувајќи им на земјоделците покривање на штетите.

„До денеска немаме добиено ништо од владата, ниту средства, ниту репроматеријали,“

вели Ѓорѓи Арнаудов, сопственик на оранжеријата „Еко прима“ чии штети само на овој комплекс се проценети на 40 милиони денари. Не само што не ни ги ипслаќаат средствата за претрпените штети, туку сега не тераат да го платиме и мазутот кој минатите години грантовски ни беше делен од страна на владата:

„Барем сега отпишете го мазутот, затоа што сме за никаде економски, разбрав вчера дека Бирото за стокови резерви ќе ги пушта чековите, а од каде ќе најдеме пари немам поим,“

вели Тодор Черепналковски сопственик на оранжеријата „Еко оаза“. Ставот на владата е, штетите на погодените земјоделци од мајските поплави ќе бидат надоместени дури одкако на сметката ќе пристигнат сите парични средства . земјоделците реагираат, на тој начин ќе не уништат:

„Тоа е без чувство за земјоделското производство, од причина што тоа не трпи одлагање.“

Дополнителен проблем е што по поплавите, комерцијалните банки драстично ја намалија соработката со оранжериите.

„Банките се затворени за пласирање на кредитни средства, и така беа и претходно затворени, немаат чувство за земјоделието.“


Доколку средствата не бидат исплатени во најбрз временски период , гаснењето на оранжериското производство во овј дел од макеоднија ќе биде неминовност:

„Господ на помош, пак ќе почнат под стечај да одат оранжериите.“

Штети од мајските поплави владата ги процени на 150 милиони денари, средствата сеуште ги собира , а на нив чекаат две ипол ијлади вработени во оранжеритите.
XS
SM
MD
LG