Достапни линкови

Багдад: Одвоени напади врз двајца ирачки министри


Ирачките министри за развој и за образование останаа неповредени во денешните одвоени напади во Багдад. Во самоубиствениот напад врз конвојот на министерот за развој во јужен Багдад загинале четворица телохранители, а 10 лица биле повредени. Во западниот дел на Багдад екплодирала бомба во моментот кога таму минувал конвојот на министерот за образование, при што едно лице загинало, а две биле повредени. Во Наџаф и денеска продолжиле борбите меѓу американските сили и шиитските милитанти.
XS
SM
MD
LG