Достапни линкови

Фиксниот девизен курс е апсурден


Регистрираните над 600 тини милиони американски долари трговски дефицит за првите седум месеци од оваа година што преставува зголемување на дефицитот за над 20% во однос на минатата година според економските експерти е очекуван исход. Се додека актуелната влада не ја напушти еднодецениската економска идеологија на водење на рестрективна монетарна политика неможе да се регистрирааат позитивни економски резултати вели економскиот експерт профессор Тихомир Јовановски:

„Во една економија која што има перманентен дефицит на економско плаќање, апсурдно е да има фиксен девизен курс. Не познавам таква економија. Даночната политика се занимава со чисто фискален карактер, не оди директно за помагање на производството.“

Во првото полугодие од оваа година статистиката во Македонија регистрираше и состојба на дефлација во економијата, што значи пад на нивото на цените при намалена стапка на индустриско производство што е последица на рестриктивната монетарна политика.

„Во ниту една економија, кајшто постои дефлација не може да се очекува забрзан стопански растеж, односно мора да се очекува рецесија.“

Протежирањето на рестриктивна монетарна политика резултира со намалување на побарувачката. Нискиот степен на побарувачка го дестимулира производсвото односно понудата, а ниското ниво на понуда и побарувачка го дава одговорот на прашањето, зошто од 93 година Македонија се наоѓа во период на рецесија:

„Нема понуда, и таа понуда што ја има не може да се продаде, затоа што побарувачката опаѓа. Ако во една земја има висок процент социјални случаи, тогаш тоа влијае негативно на растежот на стопанството.“

Како резултат на досега превземените чекори од страна на владата, според Јовановски, до крајот на годината не е возможно да се очекува корегирање кон подобро на макроекономските показатели:

„Самите претпријатија беа ставени во аут, се занимаваме со социјални, етнички прашања, коишто уште повеќе ја оддалечуваат економијата од она што претставува надградба.“

вели еконосмкиот експерт Тихомир Јовановски.

Гувернерот на Народната банка на Македонија Петар Гошев со став, без дозвола на Меѓународниот монетрен фонд не е возможно релаксирање на монетрната политика.
XS
SM
MD
LG