Достапни линкови

Пакистан: Уапсени повеќе од десет лица кои планирале самоубиствени напади


Пакистанските власти соопштија дека уапсиле повеќе од десет лица кои планирале самоубиствени напади на пакистански официјални лица, на зградата на владата и американската амбасада, јавуваат агенциите. Пакистанскиот министер за внатрешни работи Фајсал Салех Хајат изјави дека меѓу уапсените неколку лица кои се осомничени дека се поврзани со терористичката мрежа Ал Каида има и странци. Тој соопшти дека пакистанските безбедносни сили откриле и голема количина на оружје што би била употребена во нападите.
XS
SM
MD
LG