Достапни линкови

Наџаф: Продолжуваат судирите меѓу сојузничките сили и приврзаниците на Ал Садр


Во Наџаф продолжуваат судирите меѓу приврзаниците на шиитскиот радикален свештеник Моктада ал Садр и американските и ирачките сили. Високиот египтески муслимански лидер го осуди однесувањето на американските и сојузничките сили во ирачките градови Наџаф и Фалуџа и предупреди дека како одговор на тоа може да експлодира вулканот на бесот. По нападот на светилиштето, по понижувањето и убивањето на цивили светот не може да очекува дека вулканот на бесот нема да експлодира, се вели во соопштението од египетскиот муфтија Али Гума. Американските сили тврдат дека при сите напади се трудат да ги одбегнат светите места. Полицијата соопшти пак дека во експлозија на автомобил бомба во близина на конвој во кој имало претставници на локалните ирачки власти северно од Багдад денеска загинале две лица, а осум се ранети.
XS
SM
MD
LG