Достапни линкови

Багдад: Тројца војници на САД загинале, а пет ранети


Три американски војници загинале, а пет се ранети во одвоени напади во и во близина на Багдад во последните 24 часа. Во едниот случај станува збор за напад со граната на американско воено возило денеска во јужен Багдад при што еден војник загинал а двајца се ранети. Двајца американски војници загинале пак во бомба поставена на патот во близина на Самара 100 километри северно од Багдад. Во Рамади пак пред својот дом е убиен еден полициски офицер.
XS
SM
MD
LG