Достапни линкови

Прага: Пратеник ја обвини опозицијата дека му нудела 300,000 евра за гласање против владата


Неколку денови пред гласањето за доверба на новата чешка влада, пратеникот од владејачката коалиција Здењек Коржистка ја обвини опозицијата дека му нудела триста илјади евра да гласа против кабинетот на новиот премиер Станислав Грос. Медиумите јавуваат дека изјавата на пратеникот претставува најтешко обвинување за политичка корупција во историјата на Чешка. Чешкото државно обвинителство најави дека ќе покрене истрага против овој случај.
XS
SM
MD
LG