Достапни линкови

Брисел: Министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ ќе разговараат за визниот режим со Босна


Евро-комесарот задолжен за визен режим Антонио Виторино најави дека министрите за правда и внатрешни работи на Европската Унија ќе расправаат за состојбата во Босна и визниот режим со таа држава. За евентуално укинување на визниот режим, според Виторино, пресуден е натамошен напредок во борбата против организраниот криминал, перењето пари, трговијата со луѓе. илегалната имиграција, управата над границите, политиката на азилот и безбедноста на документите.
XS
SM
MD
LG