Достапни линкови

Наџаф: Престрелки и експлозии


Во Наџаф и натаму, според извештајите има претсрелки и експлозии. Според ирачките власти Радикалниот шиитски клерик Моктада ал Садр се соочува со последните часови пред воениот удар доколку не ги прифати владините барања. Ал Садр пак синоќа повика на примирје кое би се воспоставило пред неговите милитанти да се повлечат од Наџаф. Тој се согласил и да ја напушти Имам Али Џамијата во Наџаф. Ирачките власти понудија амнестија за Садр и неговите борци доколку ги прекинат бунтот во сите градови. Во Вашингтон советникот за национална безбедност Кондолиза Рајс реагираше скептично на овие информации, велејки дека на Ал Садр не може да му се верува.
XS
SM
MD
LG