Достапни линкови

logo-print

Скопје: Посета на командантот на НАТО за Јужна Европа Грегори Џонсон


На утрешната средба меѓу министерот за одбрана Владо Бучковски и командантот на НАТО за Јужна Европа адмирал Грегори Џонсон ќе биде разгледана примената на Стратегискиот одбранбен преглед за подготовките на Македонија за членство во Алијансата и актуелната политичко безбедносна состојба во земјата и регионот. Меѓу другото, на разговорите со адмирал Џонсон, кој денеска ќе допатува во Скопје, ќе стане збор и за потенцијалот на полигонот Криволак и постигнатиот договор за упатување заеднички медицински вод на Македонија, Хрватска и Албанија во Авганистан во почетокот на 2005 година.
XS
SM
MD
LG