Достапни линкови

Подготовките во тек, клучни реформите


Подготовките за ефикасно и кваилтетно одговарање на европскиот прашалник што во Скопје доаѓа најдоцна до 15 септември се веќе во полн ек.

„Прво формирана е централната единица и на политичко и на оперативно ниво и во сите министерства се формирани координативни тимови кои ќе работат на прашањата.”

вели Драган Тилев раководител на секоторт за евроинтеграција во владата. Тој посочува дека во овој процес на формулирање одговори на околу 2000 прашања и исто толку потпрашања

„Некаде околу 1,000 леѓе ќе бидат вклучни во одговарањето на прашањата.”

Носител на ангажманот околу прашалникот во основа е државната администрација па оттаму и прашањето има ли таа капацитет да го истурка проектот. Од владата со одгворор кога станува збор за европската интеграција:

„Во континуитет веќе повеќе години постигнуваме солидни резултати и тоа ми дава право да говорам дека имаме капацитет.”

Но, резервите остануваат:

„Онака како што е структуирана владата, и најодговорните во процесот на доближување кон ЕУ не се способни да одговорат на сите предизвици кои ќе дојдат.”

вели поранешниот министер за надворешни работи Александар Димитров. Формално до одговите и ќе се дојде, оценува некогашниот заменик премиер за евроитеграции Зоран Крстевски. Пробелмот е што преку прашалникот се скенира капацитетот на државата за реформи

„Суштината е во тоа да дадеме одговори кои ќе го отсликаат капацитетот на државата за реформи, а тука имаме малку за што да се пофалиме, затоа што една година тапкаме во место.”

Реформскиот капацитет на државата е клучното прашање оценуваат Крстевски и Димитров. Едно е сигурно тука лажење не помага. Во таа смисла добро е, вели Крстевски што прашалникот доаѓа во Македонија

„Ние сме таква нација, во последен мометн се мобилизираме и работиме. Ние сега мислиме дека ќе ги превариме, со форма, ама тоа нема да биде така.”
XS
SM
MD
LG