Достапни линкови

Тбилиси: Тројца војници на Грузија убиени во Јужна Осетија


Грузија соопшти дека тројца нејзини војници биле убиени, а петмина ранети во најновите судири со силите на Јужна Осетија. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за започнувањето на престрелката. До инцидентот доаѓа само неколку часа откако грузискиот претседател Михаел Сакашвили повика на организирање меѓународна конференција за надминување на кризата.
XS
SM
MD
LG