Достапни линкови

logo-print

Гергана Начева, аналитичар на центарот за Европски Политички студии, експерт за Југоисточна Европа и проширувањето на Унијата. Македонија сеуште не е издвоена од земјите од Западен Балкан


Госпоѓице Начева какво значење има според вас предогот за промена на директоратот што ќе се занимава со земјите од западниот Балкан од надворешни работи во оној за проширување?

Мислам дека е поважно она што се случува во Скопје отколку во Брисел, но за Македонија и целиот Западен Балкан тоа е важна институционална промена ако не повеќе тогаш на симболично ниво. Преминувањето од директоратот за надворешни работи во оној за проширување значи дека на вас се гледа повеќе како на членки во перпсектива отколку како на трети земји. Иако, според мене тоа е повеќе внатрешно реорганизирање на комисијата и нема да доведе до некои суштински промени правилата критериумите задачата во основа остануваат исти. Затоа велам дека она што се случува во Брисел за вас и не е толку значајно многу поважно е она што се случува во Македонија.

Сепак во Македонија прилично одекна изјавата на новиот претседател на европската комисија во која зборувајќи за проширувањето на Унијата ги спомна Бугарија, Романија, Хрватска и евентуално Турција, но не ниту Македонија. Владата оваа изјава ја објасни со фактот што станува збор за земји кои го имаат статутот на кандидати, додека ние уште го чекаме прашалникот. Се согласувате со таквото мислење?

Мислам да. Затоа што клучната политичка одлука за Македонија сеуште не е донесена. Земјите кои се споменати се повеќе или помалку веќе во процесот на проширување. Романија и Бугарија се во последната фаза, за Турција комисијата треба да реши до декември, а за Хрватска процедурата е на почеток, но таа започна. За другите земји од Западен Балкан сеуште има доста непознаници, но тоа не значи дека Европската Унија ќе ве игнорира. Факт е дека Макеоднија во моментов се гледа некако во целиот пакет наречен Западен Балкан. Таа сеуште не е издвоена како што тоа го направи Хрватска, но во основа од Макеоднија зависи дали ќе направи исчекор повеќе од групата.

Дали тој исчекор е можен со да речеме брзо и ефектно одговарање на прашалникот Што го очекуваме во спетември?

Прашалникот е само еден технократски процес со кој се занимава бирократијата. Имиџот на земјата зависи од политичките и економски реформи, а имплементацијата на охридскиот рамковен договор е голем дел од нив.

Но, во Македонија постои стравување дали ќе успееме успешно да одговориме на задачата односно дали нашата државна админситација го има потребниот капацитет?

Знаете јавната администрација во сите источно европски земји беше иставена пред голем предизвик со процесот на каднидатурата. Но, сите на тој предизвик одговорија добро. Секоја земја кандидат го доби прашалникот и на него одгвори и не гледам зошто Македонија не би го сторила истото. Јас не можам да го разберам тоа самоподенувачко чувство во Макеоднија.
XS
SM
MD
LG