Достапни линкови

Напролет треба да има локални и парламентарни избори


Усвоените закони за територијална организација и законот за град Скопје ќе бидат прогласени за неважечки само доколку се одржи референдум и тој биде успешен, велат експертите. А, доколку до законски предвидениот рок бидат собрани потрените 150 илјади потписи за референдум, тогаш владата би требало да ги одложи локалните избори закажани за втората половина од месец ноември.

„Законите се важечки додека не успее референдумот. Ако референдумот успее, тогаш автоматски, законите се во аут, односно не се во сила. И во таква ситуација, само едно мислам дека треба владата да направи, да ги одложи изборите и да се оди напролет и на локални и на парламентарни избори.“

вели професорот по уставно право Саво Климовски кој додава.

„Мислам дека во втората половина на ноември треба да се организира референдумот ако се соберат 150,000 потписи.“

Рената Десковска, професор по политички систем на правниот факултет објаснува дека доколку референдумот биде неуспешен во рок од една година не смее повторно да се распишува нов референдум:

„Ако е успешен референдумот, ќе мора да се усогласи новонастанатата ситуација со референдумот, а тоа значи, дека ќе мора да се укине новиот закон и да се врати во сила стариот закон. Ако е неуспешен, тогаш во рок од една година нема да смее да се распишува референдум за истото прашање.“

Професорот Климовски пак посочува дека и доколку успее рефрендумот, а усвоените закони бидат прогласени за неважечки Владата има права истите повторно да ги предложи:

„Ви една таква ситуација, владата може да ја повтори целата процедура. Но, во таква ситуација, веројатно ќе се соочи со отпор и гнев на народот, не би и препорачал на ниту една влада тоа да го направи. Знаете што значи тоа, таа влада треба прво да си оди, ако на рефереднум не и помине проектот.“

По собирањето на потребните 150 илјади потписи Собранетето е должно во рок од 60 дена да распие референдум.
XS
SM
MD
LG