Достапни линкови

logo-print

Организираност по принцип на тајфи и непостоење сериозна платформа


Партиите од македонскиот и албанскиот политички блок се секогаш партнери во власта, но соработката меѓу нив најчесто секогаш и кога се на власт и кога се опозиција, според оценките на експертите не е суштинска туку повеќе само формална:

„Ако постои некаква соработка тоа е најчесто од чист интерес за да се опстои или да се дојде на власт. Постои само желба за власт и борба за гола и сурова борба за власт.“

вели политикологот Мерсел Биљали.

Според професорот Јован Донев, таквата соработка е резултат на тоа што во Македонија нема политички елити кои функционираат државнички:

„Кога влагаат во коалиционен договор, тие непотпишуваат никаков договор, немаат никаква платформа за работа на Владата. Министрите чувствуваат поголема одговорност спрема претседателот на партијата, отколку спрема премиерот кој што ги избрал за членови на Владата, бидејќи неговиот збор не е конечен.“

Тоа според Донев, го потврдува начинот на работа што го демонстрираше оваа како и претходната Влад. Според Донев таквиот принцип на формална соработка меѓу партиите од македонскиот и албанскиот политички блок е присутен и додека тие се во опозиција. Тој вели:

„Всушност не постои никаква идеологија. Кога би имало идеологија тие би нашле заеднички јазик, да работат на остварување на заедничките цели. Меѓутоа за жал кај нас, политичките партии се организирани на принцип на тајфи, тие не работат врз основа на некаква сериозна социјална платформа, туку тие се обраќаат на етникумите. Зборуваат комплетно различно кога се на власт. Имате ситуација кога Социјалдемократите се однесуваат како да се партија на десницата, а ВМРО ДПМНЕ како партија на левицата, кога се на власт.“

Таквиот начин на работа е карактеристичен и за албанскиот политички блок. Професорот Донев вели дека неможе да стане збор за вистинска соработка се додека не се формираат сериозни партии кои ќе имаат платформа врз која сериозно ќе работат.

„Тогаш ќе има соработка, кога ќе имаме вистински партии или кога партиите нема да бидат етнички чисти.“

Професорот Донев се согласува дека во перспектива треба да се очекува да се формираат партии кои нема да се базираат врз етнички критериум, но за тоа како што вели потребно е да се создадат економски и социјални предуслови во општеството.
XS
SM
MD
LG