Достапни линкови

Багдад: Продолжува заседанието за избор на национален совет


Околу илјада ирачки политичари и верски лидери втор ден во Багдад заседаваат со цел да изберат Национален Совет кој треба да ја набљудува работата на привремената влада до изборите планирани за јануари идната година. Ирачките власти, во меѓувреме, им наредија на новинарите да го напуштат Наџаф каде што трае офанзивата на американските сили против шиитските милитанти. Нивниот лидер Моктада ал Садр и натаму е засолнет во џамијата Имам Али.
XS
SM
MD
LG